Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република
Македонија, во периодот јануари - октомври 2017 година, изнесува 255 455 873 илјади денари и бележи пораст од
15.9% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари - октомври
2017 година, изнесува 343 296 039 илјади денари, што е за 11.7% повеќе во споредба со истиот период од претходната
година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари - октомври 2017 година, изнесува 87 840 167 илјади денари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари - октомври 2017, изнесува 74.4%.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со
благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови,
фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав,
нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и
нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.
Во периодот јануари - октомври 2017 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република
Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.
Обем на размената, I-X 2017 |
Покриеност на увозот со извоз |
598 751 912 илјади денари |
74.4 % |
9 722 106 илјади евра |
74.4 % |
10 903 802 илјади САД долари |
74.6 % |
Стоковна размена изразена во евра и САД долари
Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари -
октомври 2017 година, изнесува 4 147 741 илјада евра и бележи пораст од 16.0 % во однос на истиот период од
претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 5 574 365 илјади евра, што е за
11.8 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-
октомври 2017 година, изнесува 1 426 624 илјади евра.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари - октомври 2017 година,
изнесува 4 657 736 илјади САД долари и бележи пораст од 16.9 % во однос на истиот период од претходната
година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6 246 066 илјади САД долари, што е за
12.2% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари -
октомври 2017 година, изнесува 1 588 330 илјади САД долари.