Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Надворешна трговија


Стоковна размена со странство, јануари-септември 2017

петок, 03 ноември 2017


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од
Република Македонија, во периодот јануари-септември 2017 година, изнесува 226 058 368 илјади денари и
бележи пораст од 15.1% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока,
во периодот јануари-септември 2017 година, изнесува 304 992 548 илјади денари, што е за 11.1% повеќе во
споредба со истиот период од претходната година.


Трговскиот дефицит, во периодот јануари-септември 2017 година, изнесува 78 934 180 илјади денари.


Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-септември 2017 година, изнесува 74.1%.


Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на
носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила,
авиони или бродови, моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со
внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел) и облеката. Во увозот најмногу
се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени
од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени
или во облик на прав и плоснато-валаните производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или
необложени, обработувани не повеќе од топло-валаните со ширина од 600мм или повеќе, намотани.


Во периодот јануари-септември 2017 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена,
Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

Обем на размената, I-IX 2017 Покриеност на увозот со извоз
531 050 916 илјади денари 74.1 %
8 620 979 илјади евра 74.1 %
9 610 698 илјади САД долари 74.3 %

Стоковна размена изразена во евра и САД долари


Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-
септември 2017 година, изнесува 3 669 603 илјади евра и бележи пораст од 15.1% во однос на истиот период од
претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 4 951 376 илјади евра, што е за
11.2% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-
септември 2017 година, изнесува 1 281 774 илјади евра.


Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-септември 2017 година,
изнесува 4 097 146 илјади САД долари и бележи пораст од 15.1% во однос на истиот период од претходната
година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 5 513 552 илјади САД долари, што е за
10.8% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-
септември 2017 година, изнесува 1 416 406 илјади САД долари.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика