Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Надворешна трговија


Стоковна размена со странство, јануари - јуни 2017

петок, 04 август 2017


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република
Македонија, во периодот јануари-јуни 2017 година, изнесува 146 245 756 илјади денари и бележи пораст од 16.2% во
однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари-јуни 2017 година,
изнесува 199 947 002 илјади денари што е за 11.2% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јуни 2017 година, изнесува 53 701 246 илјади денари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-јуни 2017, изнесува 73.1%.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со
благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови,
фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав,
нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и
нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.
Во периодот јануари-јуни 2017 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија
најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

Обем на размената, 01 - 06 2017

Покриеност на увозот со извоз

346 192 758 илјади денари

73.1%

5 619 023 илјади евра

73.1%

6 091 812 илјади САД долари

73.1%

Стоковна размена изразена во евра и САД долари
Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-
јуни 2017 година, изнесува 2 373 541 илјади евра, и бележи пораст од 16.4% во однос на истиот период од
претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 3 245 482 илјади евра што
е за 11.4% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот
јануари-јуни 2017 година, изнесува 871 941 илјади евра.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-јуни 2017 година,
изнесува 2 576 110 илјади САД долари и бележи пораст од 13.1% во однос на истиот период од претходната
година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 3 515 702 илјади САД долари што е за 8.0%
повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јуни
2017 година, изнесува 939 591 илјади САД долари.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика