Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Надворешна трговија


Стоковна размена со странство, јануари - мај 2017

вторник, 04 јули 2017


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република
Македонија, во периодот јануари-мај 2017 година, изнесува 121 011 052 илјади денари и бележи пораст од 14.9% во
однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари-мај 2017 година,
изнесува 166 958 393 илјади денари што е за 12.0% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари-мај 2017 година, изнесува 45 947 341 илјади денари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-мај 2017, изнесува 72.5%.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со
благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови,
фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав,
нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и
нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.
Во периодот јануари-мај 2017 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија
најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија, и Бугарија.

 

Обем на размената, 01 - 05 2017 Покриеност на увозот со извоз
287 969 446 илјади денари 72.5%
4 675 278 илјади евра 72.5%
5 031 523 илјади САД долари 72.6%

Стоковна размена изразена во евра и САД долари
Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-
мај 2017 година, изнесува 1 964 512 илјади евра, и бележи пораст од 15.1% во однос на истиот период од
претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 2 710 765 илјади евра што
е за 12.1% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот
јануари-мај 2017 година, изнесува 746 253 илјади евра.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-мај 2017 година,
изнесува 2 115 995 илјади САД долари и бележи пораст од 11.1% во однос на истиот период од претходната
година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 2 915 528 илјади САД долари што е за 8.0%
повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-мај
2017 година, изнесува 799 533 илјади САД долари.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика