Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република
Македонија, во периодот јануари-март 2017 година, изнесува 69 479 068 илјади денари и бележи пораст од 14.5% во
однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари-март 2017 година,
изнесува 95 651 924 илјади денари што е за 14.3% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари-март 2017 година, изнесува 26 172 856 илјади денари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-март 2017, изнесува 72.6%.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со
благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови,
фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав,
нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и
нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.
Во периодот јануари-март 2017 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија
најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија, и Бугарија.
Обем на размената, I-III 2017
|
Покриеност на увозот со извоз
|
165 130 993 илјади денари
|
72.6 %
|
2 681 928 илјади евра
|
72.6 %
|
2 858 096 илјади САД долари
|
72.7 %
|
Стоковна размена изразена во евра и САД долари
Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-
март 2017 година, изнесува 1 128 278 илјади евра и бележи пораст од 14.7% во однос на истиот период од
претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 1 553 650 илјади евра што
е за 14.5% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот
јануари-март 2017 година, изнесува 425 371 илјади евра.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-март 2017 година,
изнесува 1 202 883 илјади САД долари и бележи пораст од 10.7% во однос на истиот период од претходната
година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 1 655 213 илјади САД долари што е за 10.5%
повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-март
2017 година, изнесува 452 330 илјади САД долари.