Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република
Македонија во периодот јануари-февруари 2017 година, изнесува 43 272 293 илјади денари и бележи пораст од 10.6%
во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари-февруари 2017
година, изнесува 58 694 507 илјади денари што е за 14.4% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари-февруари 2017 година, изнесува 15 422 215 илјади денари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-февруари 2017, изнесува 73.7%.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со
благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови,
фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав,
нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и
нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.
Во периодот јануари-февруари 2017 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република
Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија, и Бугарија.
Обем на размената, I-II 2017
|
Покриеност на увозот со извоз
|
101 966 800 илјади денари
|
73.7 %
|
1 656 232 илјади евра
|
73.7 %
|
1 761 256 илјади САД долари
|
73.7 %
|
Стоковна размена изразена во евра и САД долари
Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-
февруари 2017 година, изнесува 702 833 илјади евра и бележи пораст од 10.8% во однос на истиот период
од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 953 399 илјади евра што
е за 14.6% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот
јануари-февруари 2017 година, изнесува 250 565 илјади евра.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-февруари 2017 година,
изнесува 747 106 илјади САД долари и бележи пораст од 7.2% во однос на истиот период од претходната
година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 1 014 149 илјади САД долари што е за 10.8%
повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-
февруари 2017 година, изнесува 267 043 илјади САД долари.