Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Надворешна трговија


Стоковна размена со странство, јануари - декември 2015

петок, 17 март 2017


Според дефинитивните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки
од Република Македонија, во периодот јануари-декември 2015 година, изнесува 251 853 383 илјади денари
и бележи пораст од 9.1% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во
периодот јануари-декември 2015 година, изнесува 357 439 142 илјади денари што е за 5.4% повеќе во споредба
со истиот период од претходната година.


Трговскиот дефицит, во периодот јануари-декември 2015 година, изнесува 105 585 759 илјади денари.


Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-декември 2015, изнесува 70.5%.


Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи
со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, сетовите на проводници за палење и слично,
за возила, авиони или бродови, производите од железо и челик (валани производи). Во увозот најмногу се
застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени
од битуменозни минерали (освен сурови), електричната енергија и другите метали од платинската група и
нивните легури, необработени или во облик на прав.


Во периодот јануари-декември 2015 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена,
Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Србија, Велика Британија, Грција и Бугарија.

 

 

Обем на размената, I-XII 2015

Покриеност на увозот со извоз

609 292 524 илјади денари

70.5 %

9 888 729 илјади евра

70.5 %

10 956 889 илјади САД долари

70.5 %

 

 

Стоковна размена изразена во евра и САД долари


Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-
декември 2015 година, изнесува 4 087 584 илјади евра, и бележи пораст од 9.1% во однос на истиот период
од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 5 801 144 илјади евра што
е за 5.4% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот
јануари-декември 2015 година, изнесува 1 713 560 илјади евра.


Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-декември 2015 година,
изнесува 4 530 077 илјади САД долари, и бележи пад од 8.7% во однос на истиот период од претходната
година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6 426 812 илјади САД долари што е за
12.0% помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот
јануари-декември 2015 година, изнесува 1 896 736 илјади САД долари.

 






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика