Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република
Македонија, во периодот јануари-ноември 2016 година, изнесува 241 950 630 илјади денари и бележи пораст од 5.4%
во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари-ноември 2016
година, изнесува 339 520 438 илјади денари што е за 5.2% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари-ноември 2016 година, изнесува 97 569 807 илјади денари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-ноември 2016, изнесува 71.3%.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со
благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови,
фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав,
нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и
нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.
Во периодот јануари-ноември 2016 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република
Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Бугарија.
Обем на размената, 01-11 2016
|
Покриеност на увозот со извоз
|
581 471 068 илјади денари
|
71.3 %
|
9 438 816 илјади евра
|
71.3 %
|
10 494 517 илјади САД долари
|
71.2 %
|
Стоковна размена изразена во евра и САД долари
Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-
ноември 2016 година, изнесува 3 927 536 илјади евра, и бележи пораст од 5.4% во однос на истиот период од
претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 5 511 280 илјади евра што е за
5.2% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-
ноември 2016 година, изнесува 1 583 744 илјади евра.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-ноември 2016 година,
изнесува 4 364 227 илјади САД долари и бележи пораст од 5.5% во однос на истиот период од претходната
година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6 130 290 илјади САД долари што е за 5.4%
повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-ноември
2016 година, изнесува 1 766 064 илјади САД долари.