Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република
Македонија, во периодот јануари-септември 2016 година, изнесува 195 857 543 илјади денари и бележи пораст од 6.1%
во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари-септември 2016
година, изнесува 274 167 433 илјади денари што е за 6.4% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари-септември 2016 година, изнесува 78 309 891 илјади денари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-септември 2016, изнесува 71.4%.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со
благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови,
фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав,
нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и
нивните легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.
Во периодот јануари-септември 2016 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република
Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Бугарија.
Обем на размената, I-IX 2016
|
Покриеност на увозот со извоз
|
470 024 976 илјади денари
|
71.4 %
|
7 626 762 илјади евра
|
71.4 %
|
8 517 007 илјади САД долари
|
71.4 %
|
Стоковна размена изразена во евра и САД долари
Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-
септември 2016 година, изнесува 3 178 115 илјади евра, и бележи пораст од 6.1% во однос на истиот период од
претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 4 448 647 илјади евра што е за
6.3% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-
септември 2016 година, изнесува 1 270 533 илјади евра.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-септември 2016 година,
изнесува 3 547 530 илјади САД долари и бележи пораст од 6.3% во однос на истиот период од претходната
година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 4 969 477 илјади САД долари што е за
6.8% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-
септември 2016 година, изнесува 1 421 947 илјади САД долари.