+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Надворешна трговија


Стоковна размена со странство, јануари - август 2016

среда, 05 октомври 2016


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од
Република Македонија, во периодот јануари-август 2016 година, изнесува 171 989 579 илјади денари и бележи
пораст од 6.2% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот
јануари-август 2016 година, изнесува 242 511 286 илјади денари што е за 5.7% повеќе во споредба со истиот
период од претходната година.


Трговскиот дефицит, во периодот јануари-август 2016 година, изнесува 70 521 707 илјади денари.


Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-август 2016, изнесува 70.9%.


Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи
со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони
или бродови, фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина,
необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови),
другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната
енергија.


Во периодот јануари-август 2016 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република
Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Бугарија.

 

Обем на размената, I-VIII 2016

Покриеност на увозот со извоз

414 500 864 илјади денари

70.9 %

6 723 877 илјади евра

70.9 %

7 505 321 илјади САД долари

70.9 %

 

Стоковна размена изразена во евра и САД долари


Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-
август 2016 година, изнесува 2 789 996 илјади евра и бележи пораст од 6.1% во однос на истиот период од
претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 3 933 882 илјади евра што е за
5.6% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-
август 2016 година, изнесува 1 143 886 илјади евра.


Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-август 2016 година,
изнесува 3 112 569 илјади САД долари и бележи пораст од 6.4% во однос на истиот период од претходната
година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 4 392 752 илјади САД долари што е за 6.2%
повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-август
2016 година, изнесува 1 280 183 илјади САД долари.







  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика