Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од
Република Македонија, во периодот јануари-јуни 2016 година, изнесува 125 722 828 илјади денари и бележи
пораст од 3.9% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот
јануари-јуни 2016 година, изнесува 179 633 043 илјади денари што е за 4.5% повеќе во споредба со истиот
период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јуни 2016 година, изнесува 53 910 215 илјади денари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-јуни 2016, изнесува 70.0%.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи
со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони
или бродови, фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина,
необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови),
другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната
енергија.
Во периодот јануари-јуни 2016 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република
Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Италија.
Обем на размената, I-VI 2016
|
Покриеност на увозот со извоз
|
305 355 871 илјади денари
|
70.0 %
|
4 950 043 илјади евра
|
70.0 %
|
5 529 439 илјади САД долари
|
69.9 %
|
Стоковна размена изразена во евра и САД долари
Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-
јуни 2016 година, изнесува 2 038 018 илјади евра и бележи пораст од 3.7% во однос на истиот период од
претходната година, а вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 2 912 026 илјади евра, што е
за 4.4% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-
јуни 2016 година, изнесува 874 008 илјади евра.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-јуни 2016 година,
изнесува 2 275 485 илјади САД долари и бележи пораст од 4.1% во однос на истиот период од претходната
година, а вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 3 253 954 илјади САД долари, што е за 4.8%
повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јуни
2016 година, изнесува 978 469 илјади САД долари.