Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Надворешна трговија


Стоковна размена со странство, јануари - мај 2016

понеделник, 04 јули 2016


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од
Република Македонија, во периодот јануари-мај 2016 година, изнесува 104 714 309 илјади денари и бележи
пораст од 7.3% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот
јануари-мај 2016 година, изнесува 148 981 374 илјади денари што е за 6.3% повеќе во споредба со истиот
период од претходната година.


Трговскиот дефицит, во периодот јануари-мај 2016 година, изнесува 44 267 065 илјади денари.


Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-мај 2016, изнесува 70.3%.


Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи
со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони
или бродови, фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина,
необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови),
другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната
енергија.


Во периодот јануари-мај 2016 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република
Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Италија.

 

 

Обем на размената, I-V 2016

Покриеност на увозот со извоз

253 695 684 илјади денари

70.3 %

4 112 689 илјади евра

70.3 %

4 590 130 илјади САД долари

70.2 %

 

 

Стоковна размена изразена во евра и САД долари


Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот
јануари-мај 2016 година, изнесува 1 697 494 илјади евра и бележи пораст од 7.2% во однос на истиот период
од претходната година, а вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 2 415 195 илјади евра,
што е за 6.1% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот
јануари-мај 2016 година, изнесува 717 701 илјади евра.


Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-мај 2016 година,
изнесува 1 893 367 илјади САД долари, и бележи пораст од 7.6% во однос на истиот период од претходната
година, а вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 2 696 763 илјади САД долари, што е за 6.6%
повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-мај
2016 година, изнесува 803 396 илјади САД долари.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика