Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од
Република Македонија, во периодот јануари-април 2016 година, изнесува 82 624 800 илјади денари и бележи
пораст од 9.5% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот
јануари-април 2016 година, изнесува 116 097 571 илјади денари што е за 4.4% повеќе во споредба со истиот
период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари-април 2016 година, изнесува 33 472 771 илјади денари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-април 2016, изнесува 71.2%.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи
со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони
или бродови, фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина,
необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови),
другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната
енергија.
Во периодот јануари-април 2016 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република
Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Бугарија.
Обем на размената, I-IV 2016
|
Покриеност на увозот со извоз
|
198 722 370 илјади денари
|
71.2 %
|
3 221 646 илјади евра
|
71.2 %
|
3 583 889 илјади САД долари
|
71.2 %
|
Стоковна размена изразена во евра и САД долари
Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-
април 2016 година, изнесува 1 339 453 илјади евра, и бележи пораст од 9.3% во однос на истиот период од
претходната година, а вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 1 882 193 илјади евра, што е
за 4.2% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-
април 2016 година, изнесува 542 740 илјади евра.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-април 2016 година,
изнесува 1 489 998 илјади САД долари, и бележи пораст од 9.5% во однос на истиот период од претходната
година, а вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 2 093 891 илјади САД долари, што е за 4.5%
повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-април
2016 година, изнесува 603 893 илјади САД долари.