Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Надворешна трговија


Стоковна размена со странство, јануари - декември 2014

понеделник, 18 април 2016


Според дефинитивните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република
Македонија, во периодот јануари-декември 2014 година, изнесува 230 893 275 илјади денари и бележи пораст од
15.9% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари-декември
2014 година, изнесува 339 222 363 илјади денари што е за 10.5% повеќе во споредба со истиот период од претходната
година.


Трговскиот дефицит, во периодот јануари-декември 2014 година, изнесува 108 329 087 илјади денари.


Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-декември 2014, изнесува 68.1%.


Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со
благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, сетови на проводници за палење и слично, за возила, авиони
или бродови, производите од железо и челик (валани производи) и облеката. Во увозот најмногу се застапени нафтените
масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), платината и легурите на платина, необработени
или во прав, електричната енергија и други метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на
прав.

Во периодот јануари-декември 2014 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република
Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија.

 

Обем на размената, I-XII 2014

Покриеност на увозот со извоз

570 115 638 илјади денари 68.1%
9 251 132 илјади евра 68.1%
12 265 502 илјади САД долари 68.0%

Стоковна размена изразена во евра и САД долари

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-декември 2014
година, изнесува 3 746 608 илјади евра, и бележи пораст од 15.8% во однос на истиот период од претходната година,
а вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 5 504 524 илјади евра што е за 10.5% повеќе во споредба
со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-декември 2014 година, изнесува
1 757 916 илјади евра.


Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-декември 2014 година, изнесува
4 964 132 илјади САД долари, и бележи пораст од 15.5% во однос на истиот период од претходната година, а вредноста
на увeзената стока, во истиот период, изнесува 7 301 370 илјади САД долари што е за 10.3% повеќе во споредба со истиот
период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-декември 2014 година, изнесува 2 337 238
илјади САД долари.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 854

е-пошта:  suzana.srcokova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика