+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Надворешна трговија


Стоковна размена со странство, јануари - февруари 2016

вторник, 05 април 2016


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република
Македонија, во периодот јануари-февруари 2016 година, изнесува 39 078 145 илјади денари и бележи пораст од 7.5% во
однос на истиот период од минатата година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари-февруари 2016 година,
изнесува 51 173 788 илјади денари што е за 7.4% повеќе во споредба со истиот период од минатата година.


Трговскиот дефицит, во периодот јануари-февруари 2016 година, изнесува 12 095 643 илјади денари.


Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-февруари 2016, изнесува 76.4%.


Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со
благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови,
фероникелот, производите од железо и челик (валани производи). Во увозот најмногу се застапени платината и легурите
на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови),
електричната енергија и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.


Во периодот јануари-февруари 2016 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република
Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Бугарија.

 

Обем на размената, I-II 2016

Покриеност на увозот со извоз

90 251 933 илјади денари 76.4 %
1 463 193 илјади евра 76.4 %
1 609 754 илјади САД долари 76.2 %

 

Стоковна размена изразена во евра и САД долари


Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-февруари
2016 година, изнесува 633 514 илјади евра и бележи пораст од 7.2% во однос на истиот период од минатата година,
а вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 829 679 илјади евра што е за 7.1% повеќе во споредба со
истиот период од минатата година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-февруари 2016 година, изнесува 196 165
илјади евра.


Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-февруари 2016 година, изнесува
696 379 илјади САД долари, и бележи пораст од 3.2% во однос на истиот период од минатата година, а вредноста на
увeзената стока, во истиот период, изнесува 913 375 илјади САД долари што е за 3.0% повеќе во споредба со истиот
период од минатата година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-февруари 2016 година, изнесува 216 996 илјади
САД долари.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 854

е-пошта:  suzana.srcokova@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика