Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на стоковната размена на Република
Македонија со странство, во јануари 2016 година, изнесува:
- 694 140 илјади САД долари и бележи пад од 8.6% во однос на истиот период минатата година;
- 638 325 илјади евра и бележи пад од 2.9% во однос на истиот период од минатата година.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во јануари 2016 година, изнесува 309 706 илјади САД долари и бележи пад од 7.9% во однос на истиот период од минатата година, а вкупната вредност на увeзената стока, во истиот период, изнесува 384 434 илјади САД долари, што е за 9.1% помалку во споредба со истиот период од минатата година.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во јануари 2016 година, изнесува 284 774 илјади евра, и
бележи пад од 2.4% во однос на истиот период од минатата година, а вкупната вредност на увeзената стока, во истиот период, изнесува 353 551 илјади евра, што е за 3.3% помалку во споредба со истиот период од минатата година.
Трговскиот дефицит, во јануари 2016 година, изнесува 74 727 илјади САД долари, што претставува намалување за 14.0% во однос на истиот период од минатата година. Изразено во евра, дефицитот изнесува 68 777 илјади евра, што претставува намалување за 6.7% во однос на истиот период од минатата година.
Покриеноста на увозот со извоз, во јануари 2016, изнесува 80.6%.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи). Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), електричната енергија и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.