Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Надворешна трговија
Обем на стоковната размена со странство, јануари-ноември 2015
вторник, 05 јануари 2016
Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-ноември 2015 година, изнесува 228 860 406 илјади денари, изразена во долари 4 123 350 илјади САД долари, односно 3 714 620 илјади евра. Вкупната вредност на увозот на стоки во Република Македонија, во периодот јануари-ноември 2015 година, изнесува 322 614 220 илјади денари, изразена во долари 5 811 860 илјади долари, односно 5 236 374 илјади евра. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-ноември 2015 година, изнесува 93 753 813 илјади денари, изразен во долари 1 688 510 илјади САД долари, односно 1 521 754 илјади евра. Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-ноември 2015, изнесува 70.9% . Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, производите од железо и челик (валани производи). Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), електричната енергија и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 854
е-пошта:
suzana.srcokova@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика