Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од
Република Македонија, во периодот јануари-септември 2015 година, изнесува 182 586 274 илјади денари,
изразена во долари 3 299 342 илјади САД долари, односно 2 963 896 илјади евра.
Вкупната вредност на увозот на стоки во Република Македонија, во периодот јануари-септември 2015 година,
изнесува 257 341 964 илјади денари, изразена во долари 4 647 266 илјади долари, односно 4 177 444 илјади
евра.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари-септември 2015 година, изнесува 74 755 689 илјади денари, изразен
во долари 1 347 924 илјади САД долари, односно 1 213 548 илјади евра.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари- септември 2015 е 71.0%.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи
со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, сетовите на проводници за палење и слично,
за возила, авиони или бродови, производите од железо и челик (валани производи). Во увозот најмногу се
застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од
битуменозни минерали (освен сурови), електричната енергија и другите метали од платинската група и нивни
легури, необработени или во облик на прав.