+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Надворешна трговија


Обем на стоковната размена со странство, јануари-август 2015

понеделник, 05 октомври 2015


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од
Република Македонија, во периодот јануари-август 2015 година, изнесува 160 089 953 илјади денари, изразена
во долари 2 889 817 илјади САД долари, односно 2 599 025 илјади евра.
Вкупната вредност на увозот на стоки во Република Македонија, во периодот јануари-август 2015 година,
изнесува 228 838 749 илјади денари, изразена во долари 4 128 421 илјади долари, односно 3 715 134 илјади
евра.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари-август 2015 година, изнесува 68 748 796 илјади денари, изразен во
долари 1 238 604 илјади САД долари, односно 1 116 110 илјади евра.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-август 2015, е 70.0%.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи
со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, сетовите на проводници за палење и слично,
за возила, авиони или бродови, производите од железо и челик (валани производи). Во увозот најмногу се
застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од
битуменозни минерали (освен сурови), електричната енергија и другите метали од платинската група и нивни
легури, необработени или во облик на прав.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 854

е-пошта:  suzana.srcokova@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика