Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Надворешна трговија


Обем на стоковната размена со странство, јануари-јули 2015

петок, 04 септември 2015


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од
Република Македонија, во периодот јануари-јули 2015 година, изнесува 141 880 618 илјади денари, изразена
во долари 2 557 911 илјади САД долари, односно 2 302 954 илјади евра.
Вкупната вредност на увозот на стоки во Република Македонија, во периодот јануари-јули 2015 година, изнесува
202 474 799 илјади денари, изразена во долари 3 650 953 илјади долари, односно 3 286 458 илјади евра.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јули 2015 година, изнесува 60 594 181 илјади денари, изразен во
долари 1 093 042 илјади САД долари, односно 983 504 илјади евра.
Покриеноста на увозот со извоз во периодот јануари-јули 2015 е 70.1% .
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи
со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, сетовите на проводници за палење и слично,
за возила, авиони или бродови, производите од железо и челик (валани производи). Во увозот најмногу се
застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени
од битуменозни минерали (освен сурови), електричната енергија и другите метали од платинската група и
нивните легури, необработени или во облик на прав.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 854

е-пошта:  suzana.srcokova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика