Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Надворешна трговија


Обем на стоковната размена со странство, јануари-јуни 2015

среда, 05 август 2015


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од
Република Македонија, во периодот јануари-јуни 2015 година, изнесува 120 312 877 илјади денари, изразена
во долари 2 173 287 илјади САД долари, односно 1 953 215 илјади евра.
Вкупната вредност на увозот на стоки во Република Македонија, во периодот јануари-јуни 2015 година, изнесува
171 697 690 илјади денари, изразена во долари 3 101 797 илјади САД долари, односно 2 787 458 илјади евра.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јуни 2015 година, изнесува 51 384 813 илјади денари, изразен во
долари 928 510 илјади САД долари, односно 834 243 илјади евра.
Покриеноста на увозот со извоз во периодот јануари-јуни 2015 година е 70.1%.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи
со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, сетовите на проводници за палење и слично,
за возила, авиони или бродови, производите од железо и челик (валани производи). Во увозот најмногу се
застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од
битуменозни минерали (освен сурови), електричната енергија и другите метали од платинската група и нивни
легури, необработени или во облик на прав.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 854

е-пошта:  suzana.srcokova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика