Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од
Република Македонија во периодот јануари-ноември 2014 година изнесува 4 542 392 илјади САД долари, а на
увозот 6 651 536 илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз е 68.3%. Трговскиот дефицит, во периодот
јануари-ноември 2014 година, изнесува 2 109 144 илјади САД долари.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи
со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, сетови на проводници за палење и слично,
за возила, авиони или бродови, производите од железо и челик (валани производи) и облеката. Во увозот
најмногу се застапени нафтените масла и масла добиени од битуменозни минерали (освен сурови), платината
и легурите на платина, необработени или во прав, електричната енергија и други метали од платинската група
и нивни легури, необработени или во облик на прав.
Во периодот јануари-ноември 2014 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ
28 (76.9%) и земјите од Западен Балкан (13.9%), а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки
на ЕУ 28 (63.8%) и Останати земји, на друго место неспомнати (11.8%). Според вкупниот обем на надворешно-
трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и
Италија (51.9% од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји).