Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – јули 2024 година, изнесува 281 196.9 милиони денари и бележи пад од 7.7 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – јули 2024 година, изнесува 399 528.3 милиони денари, што е за 0.8 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари – јули 2024 година, изнесува 118 331.3 милиони денари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – јули 2024, изнесува 70.4 %.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за превоз на лица.
Во периодот јануари – јули 2024 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија.
Стоковна размена изразена во евра и САД долари
Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – јули 2024 година, изнесува 4 567.7 милиони евра и бележи пад од 7.7 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6 489.9 милиони евра, што е за 0.8 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – јули 2024 година, изнесува 1 922.3 милиони евра.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – јули 2024 година, изнесува 4 939.7 милиони САД долари и бележи пад од 7.9 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 7 018.7 милиони САД долари, што е за 0.6 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – јули 2024 година, изнесува 2 079.0 милиони САД долари.