Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Надворешна трговија


Стоковна размена со странство, јануари – јуни 2024 година

понеделник, 05 август 2024


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република
Северна Македонија, во периодот јануари-јуни 2024 година, изнесува 241 975.1 милиони денари и бележи пад од
7.6 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари-јуни 2024
година, изнесува 341 348.3 милиони денари.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јуни 2024 година, изнесува 99 373.2 милиони денари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-јуни 2024, изнесува 70.9 %.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со
благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или
бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи. Во увозот најмногу се застапени
нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група
и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и
електричната енергија.
Во периодот јануари-јуни 2024 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна
Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија.
Стоковна размена изразена во евра и САД долари
Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари-
јуни 2024 година, изнесува 3 930.0 милиони евра и бележи пад од 7.6 % во однос на истиот период од претходната
година. Вредноста на увезената стока, во истиот период, изнесува 5 544.0 милиони евра, што е за 0.1 % повеќе
во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јуни 2024 година,
изнесува 1 614.0 милиони евра.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари-јуни 2024 година,
изнесува 4 248.2 милиони САД долари и бележи пад од 7.6 % во однос на истиот период од претходната година.
Вредноста на увезената стока, во истиот период, изнесува 5 993.6 милиони САД долари, што е за 0.1 % повеќе
во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јуни 2024 година,
изнесува 1 745.4 милиони САД долари.

 






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика