Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – март 2024 година, изнесува 118 937.2 милиони денари и бележи пад од 9.3 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – март 2024 година, изнесува 168 616.3 милиони денари, што е за 0.9 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари-март 2024 година, изнесува 49 679.1 милиони денари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – март 2024 година, изнесува 70.5 %.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и електричната енергија.
Во периодот јануари – март 2024 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.