Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Надворешна трговија


Стоковна размена со странство, јануари – декември 2023 година

четврток, 08 февруари 2024


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – декември 2023 година, изнесува 512 368 615 илјади денари и бележи пораст од 0.2 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – декември 2023 година, изнесува 686 299 500 илјади денари, што е за 8.1 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – декември 2023 година, изнесува 173 930 885 илјади денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – декември 2023, изнесува 74.7 %.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за превоз на лица.

Во периодот јануари – декември 2023 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија.

 Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – декември 2023 година, изнесува 8 322 815 илјади евра и бележи пораст од 0.3 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 11 148 538 илјади евра, што е за 8.1 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – декември 2023 година, изнесува 2 825 723 илјади евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – декември 2023 година, изнесува 8 996 952 илјади САД долари и бележи пораст од 3.1 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 12 053 456 илјади САД долари, што е за 5.5 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – декември 2023 година, изнесува 3 056 504 илјади САД долари.

 






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика