Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – ноември 2023 година, изнесува 471 881 185 илјади денари и бележи пораст од 0.1 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – ноември 2023 година, изнесува 627 225 640 илјади денари, што е за 8.4 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари – ноември 2023 година, изнесува 155 344 455 илјади денари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – ноември 2023 година, изнесува 75.2 %.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за превоз на лица.
Во периодот јануари – ноември 2023 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија.
Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – ноември 2023 година, изнесува 7 664 415 илјади евра и бележи пораст од 0.2 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 10 187 892 илјади евра, што е за 8.3 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – ноември 2023 година, изнесува 2 523 477 илјади евра.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – ноември 2023 година, изнесува 8 278 942 илјади САД долари и бележи пораст од 3.0 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 11 006 101 илјада САД долари, што е за 5.8 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – ноември 2023 година, изнесува 2 727 159 илјади САД долари.