Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – октомври 2023 година, изнесува 427 703 580 илјади денари и бележи пораст од 0.1 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – октомври 2023 година, изнесува 568 283 300 илјади денари, што е за 8.8 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари – октомври 2023 година, изнесува 140 579 720 илјади денари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – октомври 2023 година, изнесува 75.3 %.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали.
Во периодот јануари – октомври 2023 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија .
Стоковна размена изразена во евра и САД долари
Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – октомври 2023 година, изнесува 6 946 028 илјади евра и бележи пораст од 0.2 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 9 229 414 илјади евра, што е за 8.7 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – октомври 2023 година, изнесува 2 283 385 илјади евра.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – октомври 2023 година, изнесува 7 503 688 илјади САД долари и бележи пораст од 2.6 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 9 972 436 илјади САД долари, што е за 6.5 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – октомври 2023 година, изнесува 2 468 748 илјади САД долари.