Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Надворешна трговија


Стоковна размена со странство, јануари – јули 2023 година

четврток, 07 септември 2023


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – јули 2023 година, изнесува 304 789 580 илјади денари и бележи пораст од 3.7 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – јули 2023 година, изнесува 396 398 126 илјади денари, што е за 7.1 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – јули 2023 година, изнесува 91 608 546 илјади денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – јули 2023, изнесува 76. 9 %.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, електричната енергија и плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали.

Во периодот јануари – јули 2023 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Кина.

 

 Стоковна размена изразена во евра и САД долари

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – јули 2023 година, изнесува 4 947 787 илјади евра и бележи пораст од 3.8 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6 434 993 илјади евра, што е за 7.0 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – јули 2023 година, изнесува 1 487 206 илјади евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – јули 2023 година, изнесува 5 364 439 илјади САД долари и бележи пораст од 4.0 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6 977 797 илјади САД долари, што е за 6.8 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – јули 2023 година, изнесува 1 613 358 илјади САД долари.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика