Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари − април 2023 година, изнесува 171 871 036 илјади денари и бележи пораст од 6.3 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари − април 2023 година, изнесува 222 963 226 илјади денари, што е за 7.9 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари − април 2023 година, изнесува 51 092 190 илјади денари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари − април 2023, изнесува 77.1 %.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, електричната енергија и плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали.
Во периодот јануари − април 2023 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.
Стоковна размена изразена во евра и САД долари
Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари − април 2023 година, изнесува 2 787 049 илјади евра и бележи пораст од 6.3 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 3 615 622 илјади евра, што е за 7.9 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари − април 2023 година, изнесува 828 573 илјади евра.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари − април 2023 година, изнесува 3 005 376 илјади САД долари и бележи пораст од 3.1 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 3 899 163 илјади САД долари, што е за 10.7 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари − април 2023 година, изнесува 893 786 илјади САД долари.