Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Надворешна трговија


Стоковна размена со странство, јануари-јули 2022 година

среда, 07 септември 2022


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари-јули 2022 година, изнесува 293 948 338 илјади денари и бележи пораст од 19.4 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари- јули 2022 година, изнесува 426 257 913 илјади денари, што е за 26.9 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јули 2022 година, изнесува 132 309 574 илјади денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-јули 2022, изнесува 69.0 %.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и деловите на седишта од подгрупата 821.1. Во увозот се најмногу застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, електричната енергија и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали.

Во периодот јануари-јули 2022 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

Стоковна размена изразена во евра и САД долари

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари- јули 2022 година, изнесува 4 767 002 илјади евра и бележи пораст од 19.3 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6 912 713 илјади евра, што е за 26.9 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јули 2022 година, изнесува 2 145 711 илјади евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари-јули 2022 година, изнесува 5 158 724 илјади САД долари и бележи пораст од 7.4 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 7 485 267 илјади САД долари, што е за 14.3 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јули 2022 година, изнесува 2 326 543 илјади САД долари.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика