Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – мај 2022 година, изнесува 207 003 332 илјади денари и бележи пораст од 18.9 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – мај 2022 година, изнесува 306 731 666 илјади денари, што е за 29.7 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари – мај 2022 година, изнесува 99 728 335 илјади денари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – мај 2022 година, изнесува 67.5 %.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со
благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или
бродови, фероникелот и деловите на седишта од подгрупата 821.1. Во увозот се најмногу застапени нафтените масла
и маслата добиени од битуменозни минерали, освен сурови, другите метали од платинската група и нивни легури,
необработени или во облик на прав, електричната енергија и благородни метали во колоидна состојба; соединенија,
органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни
метали.
Во периодот јануари – мај 2022 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.
Стоковна размена изразена во евра и САД долари
Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – мај 2022 година, изнесува 3 356 208 илјади евра и бележи пораст од 18.8 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 4 973 195 илјади евра, што е за 29.6 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – мај 2022 година, изнесува 1 616 988 илјади евра.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – мај 2022 година, изнесува 3 690 755 илјади САД долари и бележи пораст од 8.4 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 5 470 165 илјади САД долари, што е за 18.4 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – мај 2022 година, изнесува 1 779 410 илјади САД долари.