Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – април 2022 година, изнесува 161 718 572 илјади денари и бележи пораст од 15.2 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – април 2022 година, изнесува 241 937 565 илјади денари, што е за 27.3 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари – април 2022 година, изнесува 80 218 993 илјади денари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – април 2022, изнесува 66.8 %.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и деловите на седишта од подгрупата 821.1. Во увозот се најмногу застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали, освен сурови, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, електричната енергија и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали.
Во периодот јануари – април 2022 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Бугарија и Србија.
Стоковна размена изразена во евра и САД долари
Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – април 2022 година, изнесува 2 622 000 илјади евра и бележи пораст од 15.1 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 3 922 662 илјади евра, што е за 27.3 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – април 2022 година, изнесува 1 300 662 илјади евра.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – април 2022 година, изнесува 2 914 835 илјади САД долари и бележи пораст од 6.4 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 4 360 394 илјади САД долари, што е за 17.7 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – април 2022 година, изнесува 1 445 559 илјади САД долари.