Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Надворешна трговија


Стоковна размена со странство, јануари – март 2022 година

петок, 06 мај 2022


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република
Северна Македонија, во периодот јануари – март 2022 година, изнесува 119 642 988 илјади денари и бележи пораст
од 16.8 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари –
март 2022 година, изнесува 174 829 888 илјади денари, што е за 29.4 % повеќе во споредба со истиот период од
претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари – март 2022 година, изнесува 55 186 899 илјади денари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – март 2022, изнесува 68.4 %.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со
благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или
бродови, фероникелот и деловите на седишта од подгрупата 821.1. Во увозот најмногу се застапени електричната
енергија, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од
платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и благородни метали во колоидна состојба;
соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами
од благородни метали.
Во периодот јануари – март 2022 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република
Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Бугарија и Србија.
 
Стоковна размена изразена во евра и САД долари
Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари –
март 2022 година, изнесува 1 939 273 илјади евра и бележи пораст од 16.7 % во однос на истиот период од претходната
година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 2 833 801 илјада евра, што е за 29.3 % повеќе во
споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – март 2022 година,
изнесува 894 528 илјади евра.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – март 2022 година,
изнесува 2 174 918 илјади САД долари и бележи пораст од 8.6 % во однос на истиот период од претходната година.
Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 3 179 492 илјади САД долари, што е за 20.4 % повеќе во
споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – март 2022 година,
изнесува 1 004 574 илјади САД долари.

 






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика