Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Надворешна трговија


Стоковна размена со странство, јануари 2022 година

вторник, 08 март 2022


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во јануари 2022 година, изнесува 33 687 553 илјади денари и бележи пораст од 3.7 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во јануари 2022 година, изнесува 49 762 020 илјади денари, што е за 29.5 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во јануари 2022 година, изнесува 16 074 468 илјади денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во јануари 2022, изнесува 67.7 %.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и деловите на седишта од подгрупата 821.1. Во увозот се најмногу застапени електричната енергија, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени.

Во јануари 2022 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Бугарија и Србија.

 

Стоковна размена изразена во евра и САД долари

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во јануари 2022 година, изнесува 546 045 илјади евра и бележи пораст од 3.6 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 806 610 илјади евра, што е за 29.3 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во јануари 2022 година, изнесува 260 565 илјади евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во јануари 2022 година, изнесува 618 118 илјади САД долари и бележи пад од 3.6 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 913 303 илјади САД долари, што е за 20.4 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во јануари 2022 година, изнесува 295 185 илјади САД долари.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика