Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Надворешна трговија


Стоковна размена со странство, јануари-ноември 2021 година

понеделник, 10 јануари 2022


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република
Северна Македонија, во периодот јануари-ноември 2021 година, изнесува 390 084 637 илјади денари и бележи пораст
од 20.9 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари-
ноември 2021 година, изнесува 535 648 203 илјади денари, што е за 27.7 % повеќе во споредба со истиот период од
претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари-ноември 2021 година, изнесува 145 563 566 илјади денари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-ноември 2021 година, изнесува 72.8 %.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со
благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или
бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот. Во увозот се најмногу застапени другите метали
од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од
битуменозни минерали (освен сурови), платината и легурите на платина, необработени или во прав и керамичките
производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба.
Во периодот јануари-ноември 2021 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република
Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Кина.
 
Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари-
ноември 2021 година, изнесува 6 329 888 илјади евра, и бележи пораст од 21.0 % во однос на истиот период од
претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 8 691 826 илјади евра, што е за
27.8 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-
ноември 2021 година, изнесува 2 361 938 илјади евра.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари-ноември 2021
година, изнесува 7 518 231 илјада САД долари и бележи пораст од 25.9 % во однос на истиот период од претходната
година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 10 319 711 илјади САД долари, што е за 33.2 %
повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-ноември
2021 година, изнесува 2 801 480 илјади САД долари.

 






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика