Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – октомври 2021 година, изнесува 352 182 547 илјади денари и бележи пораст од 22.7 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – октомври 2021 година, изнесува 480 735 673 илјади денари, што е за 27.6 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари – октомври 2021 година, изнесува 128 553 126 илјади денари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – октомври 2021, изнесува 73.3 %.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот. Во увозот се најмногу застапени другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали, освен сурови, платината и легурите на платина, необработени или во прав и керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба.
Во периодот јануари – октомври 2021 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Кина.
Стоковна размена изразена во евра и САД долари
Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – октомври 2021 година, изнесува 5 715 539 илјади евра и бележи пораст од 22.8 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 7 801 755 илјади евра, што е за 27.8 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – октомври 2021 година, изнесува 2 086 215 илјади евра.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари –октомври 2021 година, изнесува 6 816 423 илјади САД долари и бележи пораст од 29.0 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 9 302 587 илјади САД долари, што е за 34.4 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – октомври 2021 година, изнесува 2 486 164 илјади САД долари.