+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Надворешна трговија


Стоковна размена со странство, јануари – септември 2021 година

петок, 05 ноември 2021


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – септември 2021 година, изнесува 315 853 724 илјади денари и бележи пораст од 26.3 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – септември 2021 година, изнесува 429 602 777 илјади денари, што е за 30.4 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – септември 2021 година, изнесува 113 749 053 илјади денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – септември 2021, изнесува 73.5 %.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите за седишта од подгрупата 821.1  и фероникелот. Во увозот се најмногу застапени другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба, платината и легурите на платина, необработени или во прав и нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови).

Во периодот јануари – септември 2021 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Кина.

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – септември 2021 година, изнесува 5 126 659 илјади евра и бележи пораст од 26.4 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6 972 904 илјади евра, што е за 30.5 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – септември 2021 година, изнесува 1 846 245 илјади евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – септември 2021 година, изнесува 6 133 253 илјади САД долари и бележи пораст од 33.8 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 8 341 164 илјади САД долари, што е за 38.5 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари –  септември 2021 година, изнесува 2 207 912 илјади САД долари.

 

 






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика