Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – август 2021 година, изнесува 281 080 557 илјади денари и бележи пораст од 31.4 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – август 2021 година, изнесува 385 119 088 илјади денари, што е за 33.8 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари – август 2021 година, изнесува 104 038 531 илјада денари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – август 2021 година, изнесува 73.0 %.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на
катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот. Во увозот се најмногу застапени другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба, платината и легурите на платина, необработени или во прав и нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови).
Во периодот јануари – август 2021 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Кина.
Стоковна размена изразена во евра и САД долари
Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – август 2021 година, изнесува 4 562 214 илјади евра и бележи пораст од 31.5% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6 250 832 илјади евра, што е за 34.0 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – август 2021 година, изнесува 1 688 617 илјади евра.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари –август 2021 година, изнесува 5 467 938 илјади САД долари и бележи пораст од 40.6 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 7 490 189 илјади САД долари, што е за 43.3 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – август 2021 година, изнесува 2 022 251 илјада САД долари.