Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Надворешна трговија


Стоковна размена со странство, јануари – мај 2021 година

вторник, 06 јули 2021


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – мај 2021 година, изнесува 174 113 282 илјади денари и бележи пораст од 44.2 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – мај 2021 година, изнесува 236 309 609 илјади денари, што е за 39.5 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – мај 2021 година, изнесува 62 196 327 илјади денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – мај 2021 година, изнесува 73.7 %. Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот. Во увозот се застапени најмногу другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба, платината и легурите на платина, необработени или во прав и  нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови).

Во периодот јануари – мај 2021 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Кина.

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – мај 2021 година, изнесува 2 825 215 илјади евра и бележи пораст од 44.3 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 3 834 407 илјади евра, што е за 39.5 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – мај 2021 година, изнесува 1 009 192 илјади евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – мај 2021 година, изнесува 3 403 779 илјади САД долари и бележи пораст од 58.2 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 4 618 021  илјада САД долари што е за 52.9 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – мај 2021 година, изнесува 1 214 242 илјади САД долари.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика