Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Надворешна трговија


Стоковна размена со странство, јануари – април 2021 година

понеделник, 07 јуни 2021


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – април 2021 година, изнесува 140 438 536 илјади денари и бележи пораст од 40.8 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – април 2021 година, изнесува 189 992 226 илјади денари, што е за 34.5 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – април 2021 година, изнесува 49 553 691 илјада денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во перидот јануари – април 2021 година, изнесува 73.9 %.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот. Во увозот се најмногу застапени другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во прав, керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба, платината и легурите на платина, необработени или во прав и нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови).

Во периодот јануари – април 2021 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Кина.

 

Стоковна размена изразена во евра и САД долари

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – април 2021 година, изнесува 2 278 124 илјади евра и бележи пораст од 40.7 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 3 081 929 илјади евра, што е за 34.4 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – април 2021 година, изнесува 803 805 илјади евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во перидот јануари – април 2021 година, изнесува 2 739 362 илјади САД долари и бележи пораст од 53.7 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 3 704 130 илјади САД долари, што е за 46.8 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во перидот јануари – април 2021 година, изнесува 964 769 илјади САД долари. 





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика