Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република
Северна Македонија, во јануари 2021 година, изнесува 32 481 805 илјади денари и бележи пораст од 15.5 % во однос
на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во јануари 2021 година, изнесува 38 360 883
илјади денари, што е за 5.4 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит во јануари 2021 година изнесува 5 879 078 илјади денари.
Покриеноста на увозот со извоз во јануари 2021 година изнесува 84.7 %.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со
благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или
бродови, фероникелот и деловите на седишта од подгрупата 821.1. Во увозот се најмногу застапени другите метали
од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, керамичките производи за лабораториска,
хемиска и индустриска употреба, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и
плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени.
Во јануари 2021 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија
најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Кина и Грција.
Стоковна размена изразена во евра и САД долари
Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во јануари 2021 година,
изнесува 527 313 илјади евра и бележи пораст од 15.4 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста
на увeзената стока, во истиот период, изнесува 622 770 илјади евра, што е за 5.3 % повеќе во споредба со истиот
период од претходната година. Трговскиот дефицит во јануари 2021 година изнесува 95 457 илјади евра.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија во јануари 2021 година изнесува 641 517
илјади САД долари и бележи пораст од 26.5 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на
увeзената стока во истиот период изнесува 757 165 илјади САД долари, што е за 15.4 % повеќе во споредба со истиот
период од претходната година. Трговскиот дефицит во јануари 2021 година изнесува 115 647 илјади САД долари.