+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Надворешна трговија


Стоковна размена со странство, јануари ‒ декември 2020 година

понеделник, 08 февруари 2021


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари ‒ декември 2020 година, изнесува 356 351 499 илјади денари и бележи пад од  9.8 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот  јануари ‒ декември 2020 година, изнесува 468 387 426 илјади денари, што е за 9.7 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари ‒ декември 2020 година, изнесува 112 035 926 илјади денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во перидот јануари ‒ декември 2020, изнесува 76.1 %.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот. Во увозот се најмногу застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав. 

Во периодот јануари ‒ декември 2020 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Кина и Грција.

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари ‒ декември 2020 година, изнесува 5 777 905 илјади евра и бележи пад од 10.0 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 7 594 537 илјади евра, што е за 10.0 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари ‒ декември 2020 година, изнесува 1 816 632 илјади евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во перидот јануари ‒ декември 2020 година, изнесува 6 633 216 илјади САД долари и бележи пад од 7.7 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 8 709 485 илјади САД долари, што е за 7.7 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во перидот јануари ‒ декември 2020 година, изнесува 2 075 269 илјади САД долари.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: + 389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика