Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Надворешна трговија


Обем на стоковната размена со странство, јануари - декември 2012

вторник, 22 април 2014


Според дефинитивните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија во периодот јануари-декември 2012 година изнесува 4 015 403 илјади САД долари, а на увозот 6 522 388 илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз е 61.6%. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-декември 2012 година, изнесува 2 506 985 илјади САД долари.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката, и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени платина и легурите на платина, необработени или во прав, суровата нафта, производите од железо и челик (валани производи) и електричната енергија.
Во периодот јануари-декември 2012 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ 27 (62.8%) и земјите од Западен Балкан (24.4%), а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ 27 (58.4%) и останатите земји на др.место неспомнати (12.1%). Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Грција, Србија, Бугарија и Италија (47.1% од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји).






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 854

е-пошта:  suzana.srcokova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика