Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Надворешна трговија


Стоковна размена со странство, јануари - септември 2020 година

петок, 06 ноември 2020


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари - септември 2020 година, изнесува 250 151 971 илјада денари и бележи пад од 15.0 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот  јануари - септември 2020 година, изнесува  329 261 429 илјади денари, што е за 13.0 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари - септември 2020 година, изнесува 79 109 459 илјади денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари - септември 2020, изнесува 76.0 %.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот. Во увозот се најмногу застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав. 

Во периодот јануари - септември 2020 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Кина и Грција.

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари - септември 2020 година, изнесува 4 056 540 илјади евра и бележи пад од 15.2 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 5 339 475 илјади евра, што е за 13.2 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари - септември 2020 година, изнесува  1 282 935 илјади евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари - септември 2020 година, изнесува 4 582 296 илјади САД долари и бележи пад од 14.7 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6 020 025 илјади САД долари, што е за 12.9 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари - септември 2020 година, изнесува 1 437 728 илјади САД долари.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: + 389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика