Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари ‒ август 2020 година, изнесува 213 958 811 илјади денари и бележи пад од 17.6 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари ‒ август 2020 година, изнесува 287 721 653 илјади денари, што е за 14.9 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари ‒ август 2020 година, изнесува 73 762 842 илјади денари.
Покриеноста на увозот со извоз, во перидот јануари ‒ август 2020, изнесува 74.4 %.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел). Во увозот се најмногу застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.
Во периодот јануари ‒ август 2020 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Кина.
Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари ‒ август 2020 година, изнесува 3 469 893 илјади евра и бележи пад од 17.8 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 4 666 167 илјади евра, што е за 15.1 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари ‒ август 2020 година, изнесува 1 196 274 илјади евра.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во перидот јануари ‒ август 2020 година, изнесува 3 890 018 илјади САД долари и бележи пад од 18.1 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 5 225 717 илјади САД долари, што е за 15.6 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во перидот јануари ‒ август 2020 година, изнесува 1 335 699 илјади САД долари.