Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Надворешна трговија


Стоковна размена со странство, јануари - мај 2020 година

вторник, 07 јули 2020


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари ‒ мај 2020 година, изнесува 120 719 407 илјади денари и бележи пад од 25.2 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари ‒ мај 2020 година, изнесува 169 350 789 илјади денари, што е за 20.6 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари ‒ мај 2020 година, изнесува 48 631 382 илјади денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во перидот јануари ‒ мај 2020 година, изнесува 71.3 %.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел). Во увозот се најмногу застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Во периодот јануари ‒ мај 2020 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Бугарија.

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари ‒ мај 2020 година, изнесува 1 958 606 илјади евра и бележи пад од 25.4 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 2 747 531 илјада евра, што е за 20.8 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари ‒ мај 2020 година, изнесува 788 925 илјади евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во перидот јануари ‒ мај 2020 година, изнесува 2 152 517 илјади САД долари и бележи пад од 27.4 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 3 018 955 илјади САД долари, што е за 22.9 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во перидот јануари ‒ мај 2020 година, изнесува 866 438 илјади САД долари.

 






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: + 389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика