Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Надворешна трговија
Обем на стоковната размена со странство, јануари - февруари 2014
петок, 04 април 2014
Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија во периодот јануари - февруари 2014 година изнесува 696 890 илјади САД долари, а на увозот 1 070 984 илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз е 65.1%. Трговскиот дефицит, во периодот јануари - февруари 2014 година, изнесува 374 093 илјади САД долари.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, феросилициумот, фероникелот, облеката и производите од железо и челик (валани производи). Во увозот најмногу се застапени платина и легурите на платина, необработени или во прав, суровата нафта, електричната енергија и други метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.
Во периодот јануари - февруари 2014 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ 28 (80.8%) и земјите од Западен Балкан (12.2%), а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ 28 (64.9%) и земјите од Западен Балкан (10.0%). Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија (53.6% од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји).
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 854
е-пошта:
suzana.srcokova@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика