Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Надворешна трговија


Обем на стоковната размена со странство, јануари 2014

вторник, 04 март 2014


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од
Република Македонија во јануари 2014 година изнесува 318 574 илјади САД долари, а на увозот 506 431 илјади
САД долари. Покриеноста на увозот со извоз е 62.9%. Трговскиот дефицит, во јануари 2014 година, изнесува
187 857 илјади САД долари.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на
носачи со благородни метали или нивни соединенија, феросилициумот, фероникелот, производите од железо
и челик (валани производи) и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина,
необработени или во прав, суровата нафта, електричната енергија и други метали од платинската група и нивни
легури, необработени или во облик на прав.
Во јануари 2014 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ 28 (82.1%) и земјите
од Западен Балкан (11.7%), а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ 28 (65.5%) и
Останати земји, на друго место неспомнати (10.4%). Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена,
Република Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија (54.2% од
вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји).





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 854

е-пошта:  suzana.srcokova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика