Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од
Република Македонија, во периодот јануари-декември 2013 година, изнесува 4 266 861 илјади САД долари, а
на увозот 6 599 824 илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз изнесува 64.7%. Трговскиот дефицит,
во периодот јануари-декември 2013 година, изнесува 2 332 963 илјади САД долари.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на
носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани
производи), облеката и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата
добиени од битуменозни минерали (освен сурови), платината и легурите на платина, необработени или во
прав, електричната енергија и моторните возила за превоз на лица.
Во периодот јануари-декември 2013 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на
ЕУ 28 (72.6%) и земјите од Западен Балкан (17.6%), а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки
на ЕУ 28 (62.6%) и Останати земји, на друго место неспомнати (11.6%). Според вкупниот обем на надворешно-
трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и
Италија (50.1% од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји).